• петок, 22 ноември 2024

Отворена сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино

Отворена сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино
Неготино, 21 ноември 2022 (МИА) - Отворена е сензорна соба во ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино, опремена со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема. Овој проект го спроведуваат Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука. Отворањето на сензорна соба е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, што е финансиран од Европската Унија. - Овој проект во континуитет се заложува за квалитетно и инклузивно образование, со цел секое дете да има еднакви можности за развој, учење и остварување на своите потенцијали. И во следниот период ќе продолжиме партнерски да работиме со сите засегнати страни, за да може секое училиште да изгради и да ја негува својата инклузивна клима, а секое дете да добие пристап до квалитетно образование. Денес во  ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино со отворањето на 20 проектна сензорна соба, го одбележуваме и Меѓународниот ден на детето и уште еднаш испраќаме порака за почитување на детските права,  истакна Елена Мишиќ, од Фондација „Чекор по чекор“. Оваа сензорна соба е опремена со елементи што се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и слично и претставува чекор напред, во градење на инклузивна клима во училиштето. Дека ова претставува уште една активност во насока на подобрување на инклузивноста на основните училишта во државата. Во ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино учат 883 ученици, од кои, 12 ученици со попреченост ќе имаат директен бенефит од сензорната соба. - Чест ни е што соработката со проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ ја продолжуваме и продлабочуваме. По отворањето на првото инклузивно игралиште во општината, денес отвораме и сезнорна соба. Овие инклузивни игралишта и сензорни соби во училиштата на нашата општина се пример за подобрување на инклузивните капацитети во образовните институции. Придобивките од нивното постоење се огромни, не само за учениците со и без пречки во развојот, туку и за стручните служби и наставниот кадар, коишто добиваат алатки со кои можат да им пружат соодветни образовни услуги на децата. Доколку создаваме инклузивни заедници, постојано ќе ги подобруваме капацитетите за создавање инклузивна култура, не само во училиштето, туку и во општината, изјави градоначалникот на Општина Неготино, Горан Стојанов. свд/цр

Остани поврзан