• вторник, 21 мај 2024

Отворање на Денови на медиумска писменост (во живо)

Отворање на Денови на медиумска писменост (во живо)

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА)  -  Со конференција „Медиумска писменост во дигиталните простори“, денеска почнува 5. издание на Денови на медиумска писменост 2023.

Мрежата за медиумска писменост во која членува и македонската Медиумска информативна агенција-МИА, од денеска до 31 октомври, под мотото „Брз прст, лажни вести носи“, ќе приреди серија медиумски настани во функција на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

Првиот програмски настан ќе го одржат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Фондацијата Метаморфозис, Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС, со два панела и една работилница, на кои ќе им претходи проекција на документарен филм за петте години Денови на медиумска писменост.

Македонската Медиумска информативна агенција-МИА ќе известува и ќе ги афирмира сите активности на Мрежата за медиумска писменост, а на 27. октомври во Битола, во Бизнис академија Смилевски, ќе приреди посебен стручно-научен прес-агол на тема „Улогата и придонесот на академската заедница за медиумска писменост“.

Деновите на медиумска писменост ќе завршат на 31 октомври со годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан