Отворање изложба по повод 30 години на Вишеградската група
- Во Собранието денеска ќе биде отворена изложба по повод 30 години на Вишеградската група.
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) - Во Собранието денеска ќе биде отворена изложба по повод 30 години на Вишеградската група.
На изложбата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорите на земјите од Вишеградската група во Скопје - Војциех Тицињски од Полска, Мирослав Томан од Република Чешка, Ласло Дукс од Унгарија и Хенрик Маркус од Словачка. мд/скс/