• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Осум земји-членки на ОПЕК плус најавија големо зголемување на производството на нафта

Осум земји-членки на ОПЕК плус најавија големо зголемување на производството на нафта

Виена, 31 мај 2025 (МИА) – Осум земји-членки на Организацијата на земји производители на нафта на плус (ОПЕК плус) денеска најавија ново зголемување на производството на нафта.

Како што се наведува во соопштението од ОПЕК плус тие ќе експлоатираат дополнителни 411.000 барели нафта дневно односно трипати повеќе од предвиденото.

Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединети Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман изминатите години прифатија намалување на производството на нафта за вкупно 2,2 милиони барели дневно, за да ја одржат цената на нафтата.

Земјите-членки на ОПЕК плус на почетокот на годината постепено почнаа да го зголемуваат производството на нафта, но во април го забрзаа темпото. Тоа доведе до пад на цената на нафтата на околу 60 долари за барел, што беше најниско ниво во изминатите четири години.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на годината побара од Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта со цел да се намали цената на „црното злато“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан