• понеделник, 23 декември 2024

Островот Капри ја укина забраната за туристи откако ги реши проблемите со водоснабдувањето

Островот Капри ја укина забраната за туристи откако ги реши проблемите со водоснабдувањето

Капри, 23 јуни 2024 (МИА) - Италијанскиот остров Капри ја укина забраната за туристи откако беа решени проблемите со водоснабдувањето.

Забраната беше објавена вчера рано наутро, поради што неколку утрински фериботи од Неапол и Соренто беа принудени да се вратат назад.

Но, синоќа градоначалникот на островот, Паоло Фалко, рече дека забраната е „укината“ откако беше надминат техничкиот проблем што го спречува снабдувањето со вода од копното.

Фалко претходно ја опиша забраната како реакција на „вистинска вонредна состојба“ и објасни дека локалните резервоари снемувале вода.

„Вонредната ситуација ќе биде отежната со пристигнувањето на илјадници туристи кои доаѓаат во Капри секој ден“, рече тој.

Забраната не беше насочена кон локалните жители, на кои им беше дозволено да соберат до 25 литри вода за пиење по домаќинство од цистерни за вода.

Капри, во заливот на Неапол, е познат по своите бели вили и луксузните хотели. Има околу 13.000 постојани жители, но привлекува голем број еднодневни посетители во текот на летото. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан