Остин: Путин не сака судир со НАТО
- Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не сака судир со НАТО

Вашингтон, 11 мај 2022 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не сака судир со НАТО.
- Ова е борба, кој тој навистина не ја сака, истакна Остин на сослушување во Конгресот.
Тој додаде дека голем број руски трупи се во Украина, а другите во Белорусија, додека НАТО на располагање има околу 1,9 милиони војници.
Изјавите на Остин се во момент кога Шведска и Финска размислуваат за членство во НАТО. ми/