Остатоци од човечки труп пронајдени во стан во Струмица

Струмица, 23 февруари 2023 (МИА) - Вчера во стан на улица „Јанко Цветинов“ во Струмица биле пронајдени остатоци од човечки труп.
Веста за МИА ја потврдија и од полицијата и од Основното јавно обвинителство Струмица.
Од СВР Струмица информираа дека вчера било пријавено дека во станот бил пронајден човечки труп. Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Од Основното јавно обвинителство потврдија дека биле пронајдени остатоци од човечки труп. Оттаму повеќе информации за идентитетот на лицето и можните причини за смртта најавуваат по завршувањето на обдукцијата. рт/дма/
Фото: МИА архива