• среда, 25 март 2026

Ученици од основните училишта „Лазо Трповски“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“ со признанија од Њујорк, САД

Ученици од основните училишта „Лазо Трповски“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“ со признанија од Њујорк, САД

Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Десет четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ Магдалена Ќурчинска, Андреа Славковска, Ирис Граоркоска, Петрит Адеми, Нора Муфтарова, Јован Симовски, Филипе Георг Вучков, Ана Тренчовска, Лукас Трајковски и Мила Синадинова, предводени од одделенската наставничка Ирена Грегориќ и предметниот наставник Стефан Симовски со свои ликовни творби учествуваа на 28. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2025“ во Васек, Њујорк, САД во возрасна категорија од 8-10 години.

Заедно со нив вкупно 26 второодделенци од ООУ „Христијан Тодоровски –Карпош“ Бисера Лешоска, Ена Радевска, Јован Салтамарски, Клара Јовановиќ, Марија Меди Ќумева, Михаела Содиќ, Мила Хајредини, Мила Петревска, Никола Николов, Никола Содиќ, Симон Ѓоргиовски, Вредран Маневски, Алек Давчевски, Александра Ефнушева, Анабела Ефнушева, Ана Перковска,Бисера Ивановска, Дамјан Џулиуш Ѓеразов, Марко Марковски, Михаил Милановиќ, Надија Мишевска, Нина Малинковска, Петар Васиљковиќ, Веда Велкова и Ведран Спанџевски предводени од наставничките Владанка Д Миче, Благица Топалова, Маја Јанковска Цакиќ и Катерина Јаневска Дочинска во возрасната категорија од 5 до 7 години со свои ликовни творби исто така учествуваа на натпреварот.

Годинава со свои ликовни творби на овој меѓународен натпревар учествуваа повеќе од 4000 деца од 100 земји.

Темата на годинашниот ликовен натпревар кој традиционално се одржува во Њујорк беше „Слобода“. ООУ „Лазо Трповски“ петти пат едноподруго учествува на овој реномиран натпревар, додека ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ годинава првпат учлествува на овој реномиран натпревар.

Целта на овој глобален проект кој изминативе 28 години се реализира под покровителство на УНИЦЕФ, а по повод Светскиот ден на детето 20. ноември е поттикнување на свеста кај децата ширум светот (на возраст од 5 до 16 години) за креативно изразување. Оваа меѓународна програма има за цел да ги поттикне децата преку креативни активности да бидат посветени кон промовирање на мирот и создавање иднина во која ќе владеат хармонија и меѓусебно разбирање.

Ликовните творби и на учесниците ООУ „Лазо Трповски“ ќе бидат изложени на светската изложба која е планирано следната година да се одржи во САД и Канада за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал.с вс/дма/

Фото: Стефан Симовски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан