• недела, 21 јули 2024

Основните училиште од Струга дел од проект „Крени глас против врсничкото насилството“

Основните училиште од Струга дел од проект „Крени глас против врсничкото насилството“

Струга, 28 мај 2024 (МИА) - Околу 200 ученици од 11-те основни училишта во општина Струга учествуваа на работилницата што се одржа во салата на Советот во рамките на проектот „Крени глас против врсничкото насилството“ што го реализира компанијата Макпетрол во 30 општини низ државата.

Во рамките на работилницата, чии предавачи беа Марија Стефанова психолог- психотерапевт, Деспина Стојаноска психолог-психотерапевт и Ана Момироска-дефектолог, се одржаа четири сесии, каде преку игра, разговор и слики учениците го препознавале предизвикот на нивниот соученик.

- Во еден од конкретните примери, учениците гледаа слика на дете со очила и го опишуваа. Дел од описите содржеа епитети како „паметен“, „интелектуален“, но имаше и описи што содржеа навреди, факт што укажава дека оваа кампања во Струга е навистина потребна, истакна Билјана Спасеска, советник за односи со јавност во Општина Струга.

Целта на проектот, според неа, е учениците да научат го гледаат доброто во другиот и на тој начин да се искорени врсничкото насилство, кое доколку постои, може да остави трајни психолошки последици.

- Учениците добија задача, секој ден почнувајќи од денеска да истакнуваат по три позитивни карактеристики за своите другари, што не се поврзани со физичкиот изглед или материјалните работи што се поседуваат, туку со карактерот, изјави Спасеска.

Едукативен материјал за борба против врсничкото насилство добија и учениците и нивните родители, а задолжение за организирање на вакви работилница добија психолозите и педагозите во сите основни училишта во Струга. сс/дма/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан