• вторник, 05 ноември 2024

Осма пријава од Ла Лига за расни навреди кон Винисиус

Осма пријава од Ла Лига за расни навреди кон Винисиус

Мадрид, 23 март 2023 (МИА) – Ла Лига по осми пат сезонава поднесе пријава за искажани навреди на расна основа кон фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Овој пат пријавата се однесува на навивачите на Барселона.

 

- На натпреварот на Барселона против Реал Мадрид во 26. коло од Ла Лига, навивачите на каталонскиот тим извикуваа „Винисиус, умри!“ и го нарекоа мадриѓанецот „мајмун“ и „кучкин син“.

 

Ла Лига поднесе жалба до судот во Барселона за да ги истражи и казни инволвираните навивачи.

 

Винисиус Жуниор во тековната сезона е цел на расни навреди во многу наврати. Реал Мадрид побара да се стави крај на нецивилизираното однесување на трибините кога игра „кралскиот клуб“. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан