• понеделник, 23 декември 2024

Османи: Потврда на идентитетските атрибути и на ниво на членки на ЕУ, почнува од Бундестагот

Османи: Потврда на идентитетските атрибути и на ниво на членки на ЕУ, почнува од Бундестагот

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека резолуцијата  за државава, што според најавите задутре ќе ја усвои Германија, е само почеток  во веригата од такви документи за потврда на идентитетските атрибути, покрај во Преговарачката рамка, дополнително и на ниво на одделни држави.  

На новинарско прашање, дали МНР е во комуникација со други европски држави за таква поддршка, Османи денеска посочи дека активности во таа насока се почнати уште по усвојувањето на Преговарачката рамка, а конкретниот резултат почнува од Бундестагот.

-Нашата акција со земјите членки е почната уште од денот кога е усвоена Преговарачката рамка. Таа комуникација е непрекината цело време и со задоволство можам да кажам дека почнува од центарот на Европа, почнува од Берлин, од Бундестагот, кадешто политичките партии без никакви дилеми и тешки разговори носат Резолуција со која не само ги потврдуваат идентитетските атрибути и тоа што ЕУ веќе го потврди во Преговарачката рамка, меѓутоа еве дополнително на ниво на држави земји членки на ЕУ. Се разбира, ова е само почетокот, не можам во оваа фаза да ги најавам и другите, сепак е покоректно тоа да го направат самите земји. Ова е само почеток на една верига на такви резолуции во кои ќе биде потврдено тоа што е во Преговарачката рамка во смисла на јазик, идентитет итн, рече Османи. 

Тој на прес-конференција Во МНР го најави третото издание на Преспа форум дијалогот, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Струга. лв/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан