• вторник, 26 ноември 2024

Османи од Рим заминува во Брисел на НАТО министерски состанок

Османи од Рим заминува во Брисел на НАТО министерски состанок

Скопје, 4 април 2023 (МИА) - По министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува на НАТО министерски состанок што ќе се одржи денеска и утре во Брисел.

Од МНР информираа дека во фокусот на разговорите ќе биде поддршката на политиката на Отворени врати на НАТО, што се потврдува со пристапувањето на Финска како 31-ва земја членка на Алијансата.

- Воедно, ќе стане збор и актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија. На состанокот ќе се трасира патот за следните подготовки за претстојниот НАТО Самит во Вилнус, а ќе бидат разгледани и начините за унапредување на соработката со партнерите, со цел заеднички да се одговори на заканите и предизвиците со кои се соочуваат НАТО членките, се наведува во соопштението од МНР.цр/са/

Фото:МИА

 

Остани поврзан