• сабота, 27 јули 2024

Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел

Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи од Барселона, каде учествуваше на Регионалниот форум на Унијата на Медитеранот, патува за Брисел каде ќе учествува на Министерскиот состанок на НАТО.

Како што информираат од МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршка за Украина, како и одбраната на НАТО Алијансата.

Сојузниците ќе се осврнат и на приоритетите на Алијансата во пресрет на НАТО Самитот во Вашингтон на кој ќе се одбележи 75-годишнината од нејзиното основање. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан