• петок, 22 ноември 2024

Османи: Избори ќе има во мај 2024 заедно со претседателските

Османи: Избори ќе има во мај 2024 заедно со претседателските
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Избори ќе има во мај 2024 година заедно со претседателските и тоа е конечно, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Османи нагласи дека нема да има избори во наредниот период заради тоа што, како што рече, процениле оти тоа не е во интерес на граѓаните и државата. - Така што тоа треба да го тргнеме од маса и како можност за разговори, рече Османи, додавајќи дека сега фокусот треба да се стави на тоа како да се менаџира кризата. Земјата, вели Османи, се наоѓа во економска криза и затоа, според него, треба да изнајде начин со опозицијата да има базичен договор за справување со кризата. - Проблемот во овој пристап е што политичките кариери се најважни во утврдување на политичките чекори на партиите, рече Османи. мс/бак/

Остани поврзан