• четврток, 25 април 2024

Османи - Габриел: Продолжување на политичкиот дијалог и целосна имплементација на Договорот за пријателство

Османи - Габриел: Продолжување на политичкиот дијалог и целосна имплементација на Договорот за пријателство

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел.

Османи, како што соопшти МНР, упати честитки за именувањето на функцијата, пренесувајќи ја притоа подготвеноста за зајакнување на билатералната соработка, во духот на добрососедските односи и европските вредности и во интерес на граѓаните на двете земји.

-За време на разговорот, беше нагласена важноста на продолжување на политичкиот дијалог, ревитализација на меѓуресорската соработка и целосна имплементација на Договорот за пријателство, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, се вели во соопштението. дма/нд/

Фото: МНР

 

Остани поврзан