• недела, 19 мај 2024

Осветлување на патот од излезот на кавадаречкото село Ваташа до велосипедско - пешачката патека 

Осветлување на патот од излезот на кавадаречкото село Ваташа до велосипедско - пешачката патека 
Кавадарци, 27 март 2023 (МИА) - Осветлен е патот од излезот на кавадаречкото село Ваташа до велосипедско - пешачката патека, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.  
 
- Континуирано се врши поставување на нова ниско напонска инсталација за улично осветлување на потегот на излезот од село Ваташа и почетокот на велосипедско - пешачката патека.
Градежните работи како и вкупно 30 канделабри, се донација од компанијата ,,Кожувчанка", од кои 15 се поставени на овој потег, соопштија од Општината. 
 
Оттаму додадоа дека со ова, е извршено целосно осветлување на овој дел од патеката.  
 
Од Локална самоуправа Кавадарци информираа дека во завршна фаза е поплочувањето на тротоарот пред ООУ „Гоце Делчев". Овој проект е дел од програмата за комунална изградба за 2022 година. Изведувач на работите е фирмата ,,Павер трејд". свд/дма/
 
Фото: Општина Кавадарци 

Остани поврзан