• петок, 26 јули 2024

Осветлена новогодишната елка во Солун

Осветлена новогодишната елка во Солун

Солун, 8 декември 2023 (МИА) – Во Солун и официјално од вчера започна празничниот период со осветлувањето на 17-метарската новогодишна елка во присуство на градоначалникот Константинос Зервас и со концерт за присутните, јави дописничката на МИА од Атина. 

Елката, исто како и лани, пристигна од планинско село од Халкидик, поставена е на плоштадот „Аристотел“ и с украсена со 100.000 светлечки лед лампиони.

Манифестацијата за осветлување на новогодишната елка ја отвори Филхармонијата на општина Солун, по што следеше и концерт на познат грчки пејач. 

Солунскиот градоначалник, кој го притисна копчето за да се запалат сијаличките на елката им ги честиташе празниците на присутните и изрази благодарност до вработените во општината, како и до спонзорите кои ги поддржуваат празничните настани. ср/ссм/

Фото: Општина Солун

Остани поврзан