• петок, 05 декември 2025

Орце Ѓорѓиевски води во Град Скопје, Дејан Митевски во Аеродром, Сотир Лукровски во Карпош, Горан Герасимовски во Центар, а Курто Дудуш во Шуто Оризари 

Орце Ѓорѓиевски води во Град Скопје, Дејан Митевски во Аеродром, Сотир Лукровски во Карпош, Горан Герасимовски во Центар, а Курто Дудуш во Шуто Оризари 

Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) – Според првичните резултати на ДИК, од обработени над 90 проценти од гласовите во вториот круг за градоначалници во две од четири скопски општини и Градот Скопје водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром води Дејан Митевски, во Карпош води Сотир Лукровски и во Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во Центар води кандидатот на СДСМ и Коалицијата Горан Герасимовски, додека во Шуто Оризари кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш. 

Од обработени 96,02 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 91.703 гласа или 57,60 проценти од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 57.735 гласа или 36,26 проценти од вкупниот број гласови. 

Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 34,96 отсто. Од вкупно регистрирани 474.304 избирачи во избирачкиот список, гласале 159.218 граѓани.

Во првиот круг за градоначалник на Скопје гласале 232 581 граѓани или 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список. Ѓорѓиевски во првиот круг освои 91 663 гласа или 39,41 проценти од гласовите, додека кандидатот на ПП Левица, Мециновиќ 30 665 гласа или 13,18 проценти од вкупниот број гласови.  

Во Општина Аеродром од обработени 97,73% од гласовите во вториот круг води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и актуелен градоначалник на општината Дејан Митески со освоени 17.622 гласови или 58,47% од вкупниот број на гласови. 

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски во вториот круг има 9.321 глас или 30,92% од вкупниот број на гласови. 

Во првиот круг Митески доби 16 257 гласа или 49,11 проценти од вкупниот број на излезени гласачи, а Трајановски 6 881 глас или 20,78 проценти.   

Право на глас во Општина Аеродром имаат вкупно 68.772 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во вториот круг одѕивот е 44,85% или гласале 30.141 гласачи. 

Во привиот круг излезноста беше 48,14 проценти или 33.106 гласачи.

Во Општина Карпош од обработени 91,41 проценти од гласовите води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски со 12.468 гласа или 47,52% од вкупниот број на гласови. 

Актуелниот градоначалник и кандидат од Гром, на Коалицијата „Искуство за успех“ Стевчо Јакимовски има 11.188 гласови или 42,64 проценти од вкупниот број на гласови.  

Во првиот круг Лукровски доби 10 284 гласа или 34,51 процент од гласовите, а Јакимовски 8 761 глас или 29,40 отсто од гласовите во првиот круг.  

Право на глас во Општина Карпош имаат вкупно 56.856 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во втор круг излезноста е 50,48% или гласлае 26.238 гласачи.

Во привиот круг излезноста беше 52,42 проценти или 29.803 гласачи.

Во Општина Центар од обработени 88,90 проценти од гласовите во втор круг води кандидатот на СДСМ и Коалицијата и актуелен градоначалник Горан Герасимовски со 9.877 гласови или 52,82% од вкупниот број на гласови. 

Кандидатот од Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 7.170 гласа или 38,34 отсто од вкупниот број на гласови.

Во првиот круг Герасимовски освои 8 535 гласа или 38,19 проценти од гласовите во првиот круг, додека Лабудовиќ доби 5 707 гласа или 25,54 отсто од гласовите во првиот круг. 

Право на глас во Општина Центар имаат вкупно 44.109 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во втор круг излезноста е 47,69% или гласале 18.701.

Во привиот круг излезноста беше 50,66 проценти или 22.347 гласачи.

Во Општина Шуто Оризари од обработени 85,20% отсто од гласовите во вториот круг води кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш со 3.223 гласа или 51,00 отсто од вкупниот број на гласови. 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Ерџан Демир има 2.811 гласа или 44,48 проценти од гласовите.  

Во првиот круг Дудуш доби 3 223 гласа или 36,43 проценти од вкупниот број гласови во првиот круг, а Демир освои 1 841 глас или 20,81 процент од вкупниот број гласови во првиот круг.

Во избирачкиот список на општина Шуто Оризари има регистрирано вкупно 23.893 гласачи. Излезноста во втор круг е 31,04 отсто или гласале 6.319 гласачи. 

Во првиот круг излезноста беше 37,03 проценти. аа/са/

Фото: Принтскрин 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан