• недела, 22 декември 2024

Општина Штип распиша повик за стипендирање и еднократни награди за ученици, кои освоиле награди на државни и меѓународни натпревари

Општина Штип распиша повик за стипендирање и еднократни награди за ученици, кои освоиле награди на државни и меѓународни натпревари

Штип, 18 октомври 2024 (МИА) - Општина Штип распишува Јавен повик за доделување на ученички стипендии и еднократни парични награди на ученици кои постигнале особени достигнување на државни и меѓународни натпревари, се вели во денешното соопштение од кабинетот на градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов.

Во него се наведува дека општината повикот го распишува трета година по ред, а право на учество имаат сите редовни ученици од основното и средното образование, или лица кои завршиле средно образование пред не повеќе од една учебна година и освоиле најмалку прва, втора или трета награда на државно ниво натпреварувајќи се во претходната учебна година низ организираниот систем на натпревари (општински, регионални и државен) понекој наставен предмет. Потрено е и да се исполнат и општи услови.

-Да се жители на Општина Штип, да се редовни ученици во некоео од основните или средните училиште во државата освен за лицата кои претходната учебна година го завршиле средното образование, се вели во соопштението од Општина Штип.

Јавниот повик за учениците се однесува на два вида наградување и тоа стипендијата е во траење од 12 месеци, а еднократна парична награда во износ од 30.000 денари

Предвидениот фонд за исплата е во износ од 600.000 денари од кои 420.000 наменети за стипендии а 180.000 за еднократни парични награди.

Стипендиите по својот износ се поделени во три категории и тоа: прва  категорија во износ од 3.000 денари, втора категорија во износ од 2.500 денари и трета категорија во износ од 2.000 денари

Пријавите можат да бидат доставени електронски на следната меил адреса: obrazovanie@stip.gov.mk или во писмена форма на  следната адреса: ул.Васил Главинов“ бр.4 б Штип со назнака : За доделување награди и стипендии.Краен рок за поднесување на пријавите е  1 ноември 2024 година. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан