• недела, 22 декември 2024

Општина Струга дел од кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Општина Струга дел од кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Струга, 10 септември 2024 (МИА) - Општина Струга е дел едукативната кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ во партнерство со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Целта на кампањата, како што соопшти Општина Струга, е да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

- Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот, стои во информацијата.

Секој граѓанин-даночен обврзник, како што е наведено, треба да биде информиран дека со навремено подмируваме на данокот на имот, се полни директно општинскиот буџет, преку кој се овозможува реализирање на планираните јавни и инфраструктурни проекти.

- Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за подобрување на условите за живеење и развојот на општината, посочуваат од Општина Струга. сс/дма/

Фото: Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан