• четврток, 12 февруари 2026

Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“

Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“

Неготино, 23 јануари 2026 (МИА) - Натпревар во дегустација на вина и ракии, произведени од индивидуални производители од општина Неготино, ќе се одржи и оваа година во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.

Општина Неготино денеска ги информираше сите заинтересирани за учество на натпреварот дека рокот за поднесување мостри од бели, црвени и розе вина и ракии е до вторник - 10 февруари, од 8 до 16 часот во просториите на локалната самоуправа.

- Лице за контакт е Станоја Филиповски на прв кат во општинската зграда или на телефонскиот број 075/976-574. Поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручни лица-енолози, кои ќе одлучат кои вина и ракии ќе добијат признанија и награди за квалитет, појасни градоначалничката Марија Нацева.

Како што беше додадено, наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производи на домашни вина и ракии ќе им ги врачи градоначалничката на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Свети Трифун“, 14 февруари. свд/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан