• сабота, 13 декември 2025

Општина Неготино: Над 700 тезги на располагање за време на манифестацијата ,,Неготински панаѓур" 

Општина Неготино: Над 700 тезги на располагање за време на манифестацијата ,,Неготински панаѓур

Неготино, 27 август 2025 (МИА) - Над 700 тезги ќе бидат на располагање за време на долгогодишната традиционална стопанско - културна  манифестација „Неготински панаѓур", на седницата на Советот на Општина Неготино советниците ја усвоија програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на градежно земјиште во градското подрачје на територијата на општината, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.

- На 21, 22 и 23 септември ќе се одржи традиционалниот „Неготински панаѓур".  Ја продолжуваме традицијата на организирање и одржување на една од најстарите манифестации од ваков вид во Република Македонија. Според одговорните во општинската комисија задолжена за организирање на манифестацијата, на заинтересираните за изложување и продавање на стока ќе им бидат на располагање вкупно 706 тезги распределени во 6 зони и со цена по метар должен во зависност од зоната и атрактивноста на локацијата каде се поставени тезгите, појасни Методи Митрев, портпарол во Општината. 

Тој додаде дека активностите за организирање на панаѓурот се веќе започнати. 

Со цел, како и предходните години, така и оваа година, манифестацијата да помине во најдобар ред и со голем број гости од општината, регионот и од цела Македонија, подвлече Митрев. свд/сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан