• четврток, 26 март 2026

Општина Крива Паланка објави повик за субвенции за млади за купување дигитални уреди 

Општина Крива Паланка објави повик за субвенции за млади за купување дигитални уреди 

Крива Паланка, 23 април 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка објави јавен повик за млади невработени лица за субвенционирање набавка на дигитални уреди: десктоп, лаптоп или таблет.

Повикот трае до 22 мај 2025 година, а право на субвенции можат да остварат сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години со постојано место на живеење во општина Крива Паланка, евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија кои купиле дигитален уред во 2025 година.

-Продолжува поддршката на младите од градот преку различни мерки со кои директно финансиски ги субвенционираме. За аплицирање на повикот и остварување на правото на субвенции од оваа мерка потребно е да достават пополнето барање за субвенции, достапно во архивата или онлајн на веб страницата на општината, www.krivapalanka.gov.mk, копија од важечка лична исправа, потврда од Агенцијата за вработување како доказ за невработеност, фискална сметка или фактура со банкарски извод за купениот уред, во период по 1 јануари 2025, како и активна трансакциска сметка и изјава дека досега не користеле субвенција за дигитален уред од општината претходно, информираат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Апликациите со комплетна документација се поднесуваат во архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден, со назнака за јавниот повик.

Од општината ги повикаа сите млади што ги исполнуваат критериумите од повикот да аплицираат и да вложат во својата дигитална иднина со поддршка од локалната самоуправа. ид/сст/


Фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан