• четврток, 15 август 2024

Општина Крива Паланка меѓу најтранспарентните јавни институции во државатa

Општина Крива Паланка меѓу најтранспарентните јавни институции во државатa

Крива Паланка, 15 август 2024 (МИА) - Зголемениот процент на параметрите за активна транспарентност од 14,3 отсто, споредено со претходната година, повторно ја вброи Општина Крива Паланка во јавните институции со многу добра транспарентност,што претставува највисок степен на транспарентност.

Петта година по ред Крива Паланка е во најдобрата група, институции со многу добра активна транспарентност, рангирани според истражувањето на Центар за граѓански комуникации.

-Како Општина постојано стремиме кон транспарентност и објавување на сите информации за поголема отвореност и достапност до граѓаните и тоа е видливо и високо вреднувано од страна на релевантните институции и чинители. Во 2023 година Општина Крива Паланка има висок индекс на транспарентност 95.7 %, бележејќи подобрување од 14.3 % на параметрите споредено со претходната година, така што, во Североисточниот регион сме второ рангирана Општина, додека на ниво на државата сме во друштво на највисоко транспарентите општини, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Рангирањето се темели на редовно и на сопствена иницијатива активно објавени информации, без претходно доставено барање за пристап до истите.

-Ова уште еднаш дава јасна слика за општината, со високо ниво на: достапност, транспарентност и отвореност и ги потврдува заложбите на градоначалникот и општинската администрација за постојано подобрување и унапредување на услугите за граѓаните, наведуваат од општината.ид/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан