• недела, 22 декември 2024

Позитивната листа на лекови дополнета со девет генерики

Позитивната листа на лекови дополнета со девет генерики

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување денеска донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно по форма и јачина позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека.

Како што се појаснува во соопштението, ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести - антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови - против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем - антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).

Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра, посочуваат од ФЗОМ. Ова е прво дополнување на листата по 2014-та година.

-Фондот е посветен на пристап кон подобри лекови и ги охрабрува сите чинители кон натамошни дополнувања, се наведува во соопштението оттаму. ев/аа/

ФОТО: МИА Архива

 

Остани поврзан