• недела, 22 декември 2024

Општина Карпош донираше 40 единици крв

Општина Карпош донираше 40 единици крв
Скопје, 19 мај 2020 (МИА) - Општинската администрација на Карпош денеска донираше 40 единици крв за потребите на Институтот за трансфузиона медицина. Од општината информираат дека на оваа акција биле поттикнати, бидејќи крводарителите не се во можност да донираат крв поради пандемијата од коронавирусот. -Оваа хумана акција се спроведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Карпош, а во истата се приклучија и градоначалникот Стефан Богоев, други членови на администрацијата како и доброволни дарители од наставниот и воспитен кадар од основните училишта и градинките од Карпош, велат од општина Карпош. Акцијата била спроведена со почитување на мерките за заштита. -Секој крводарител носеше заштитна маска, се одржуваше дистанца, а во рамки на еден час можеа да донираат крв максимум пет лица. Претходно, на секое лице му беше измерена температура, притисок и проверка на хемоглобинот во рамки на вкупната процедура при дарувањето крв во вакви вонредни услови, велат од општината. ир/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан