• петок, 05 декември 2025

Општина Кавадарци и оваа година го продолжува проектот Бесплатен оброк за секое дете

Општина Кавадарци и оваа година го продолжува проектот Бесплатен оброк за секое дете

Кавадарци, 16 септември 2025 (МИА) - Општина Кавадарци и оваа година го продолжува проектот „Бесплатен оброк за секое дете“, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

-Овој проект се покажа како доста корисен и успешен во кој со 20 милиони денари од општинскиот буџет обезбедуваме разновиден и здрав оброк за 1730 ученици од прво до петто одделение во сите основни општински училишта на територија на Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму додадоа дека овој проект не е само финансиска поддршка за родителите, туку и вистинска инвестиција во здравјето и образованието на младата генерација. 

-Општина Кавадарци останува посветена, сега но и во иднина и ќе продолжи да вложува и инвестира во образованието и создавањето на еднакви услови за сите ученици, истакнаа од кабинетот на градоначалникот. свд/нд/

Фото: Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан