• недела, 22 декември 2024

Општина Илинден спроведе крводарителна акција

Општина Илинден спроведе крводарителна акција

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - По повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на општината „Илинден 2-ри Август”, во Општина Илинден денеска се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.

Како што информираат од прес-службата на Општина Илинден, на крводарителската акција од 10 до 14 часот собрани се околу 30 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа.

Крводарителската акција ја посетил градоначалникот Александар Георгиевски. Тој апелираше сите граѓани кои имаат можност, да дадат крв затоа што на тој начин се спасува нечиј живот. 

-Денешната крводарителна акција имаше голем одзив. На оваа крводарителска акција граѓаните од Општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв, наведуваат од опоштината. фф/нд/

Фото: Општина Илинден

 

Остани поврзан