• петок, 05 декември 2025

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон канализацискиот систем

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон канализацискиот систем

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Општина Илинден продолжува со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем за фекална канализација кој е во должина од 500 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Марино на улица „409“ и „410“. Дополнително покрај овие две улици екипите на ЈКП „Водовод“ ќе продолжат со приклучување и на останатите домаќинства во тој дел на Марино.

Како што се наведува во соопштението од Општина Илинден, на канализацискиот систем ќе бидат поврзани околу 30 домаќинства од овој дел на населеното место Марино, такашто ќе се реши проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води и значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите на Марино.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направил увид на терен каде се работи на приклучување на домаќинствата и истакнал дека се работи интензивно на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, како и подобрување на инфраструктурата во Општината. Тој додал дека во наредниот период ќе се продолжи со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем и во останатите населени места. дма/лв/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан