Општина Илинден интензивно работи на поставување фекална канализација во Кадино
- СООПШТЕНИЕ - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во изградбата на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден.
23 јуни 2025
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во изградбата на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски во рамки на проектот се гради примарна мрежа на фекална канализација со припадни краци за дел од населеното место Кадино, односно делови од улиците „1“, „2“ и „3“, во вкупна должина од околу 950 метри, а ќе бидат поставени и околу 25 шахти. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред и потисен цевковод ќе се поврзе со веќе изградената пречистителна станица во н.м. Кадино и ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација, а се наоѓаат во еден од најниските предели во овој дел од општината.
На фекалната канализација која се гради во моментов, предвидено е да се приклучат приближно 100 домаќинства, додека другите ќе бидат опфатени во наредниот период со изградбата на останатите фази од проектот.
Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
Општина Илинден
____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.