• сабота, 27 јули 2024

Општина Делчево најтранспарентна во Источно-планскиот регион

Општина Делчево најтранспарентна во Источно-планскиот регион

Делчево, 25 мај 2023 (МИА) - Општина Делчево е една од двете најтранспарентни општини во Источно-планскиот регион. Со вкупно 56 бодови или 93,30 процентни поени за проактивна транспарентност како што информираа од Општината бележи пораст за 4 места во споредба со мониторингот од 2021 година.

-Од мониторирани 89 институции, општини и центрите за развој на планските региони, Општина Делчево го дели третото место заедно со општините Берово и Битола со што и понатаму припаѓа во семејството општини со највисока транспарентност. Напредок во транспарентноста, Општина Делчево бележи и согласно Индексот за транспарентност со 88,60% и спаѓа во категоријата општини со многу добра транспарентност, истакнаа од Општината.

Оваа анализа како што додадоа е извршена од УСАИД во рамките на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите со која се опфатени 24 општини.  

-Овие анализи на транспарентноста на Општина Делчево го дефинираат сериозниот пристап кон транспарентноста и отчетноста во работењето на општината. Активната транспарентност е најдобра алатка за транспарентност на една институција и помага за одговорно трошење на јавните пари, се промовираат принципите на добро владеење и интегритет, институцијата ќе биде поефикасна, бидејќи подобро ќе управува со информациите со коишто располага, додадоа од Општината.

Напоменуваат дека за постигнување на овие зацртани цели, Општина Делчево има донесено стратешки документ за надворешна комуникација, годишни програми за однос со јавноста, се изработува и е-информатор, а редовно се објавуваат и ажурираат сите  документи согласно законската обврска.

Изминатиов период како што додадоа Општина Делчево изврши адаптација и усогласување на веб-страницата согласно со насоките од Министерството за локална самоуправа и Кодексот за транспарентност на локално ниво. вс/

Остани поврзан