• среда, 26 јуни 2024

Општина Гази Баба годинава доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за ФК Вардар

Општина Гази Баба годинава доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за ФК Вардар

Скопје, 26 мај 2024 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека оваа година доделуваат 1.800.000 денари финансиска поддршка за ФК Вардар.

- Со задоволство сакам да објавам дека општина Гази Баба оваа година доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за фудбалскиот клуб Вардар. Вардар е национална гордост на Македонија и ја заслужува нашата поддршка. Од срце за Вардар, објави Стефковски на Фејсбук. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан