• петок, 17 мај 2024

Општина Велес ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина

Општина Велес ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина
Велес,3 јуни 2021 (МИА) - Општина Велес се приклучува во одбележувањето на 5-ти Јуни – Светскиот ден на животната средина со организирање на две еколошки настани.
Од општината информираат дека утре во 10:00 часот ќе се пушти во употреба новоизграденото езерце и новата зелена површина во Градскиот парк. А, во сабота во 08:30 часот ќе се спроведе акција за чистење на јавните површини од отпад на потегот Стар мост – поранешен хотел Вила Зора.

- Збирно место на учесниците во саботната акцијата е 08:30 часот на Паркинг Пармак.Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество во настаните кои ќе се одржат. Нашата најдобра гаранција за иднината ќе биде нашето залагање и ангажирање за заштита на природата и за нејзино безбедно оставање во наследство на идните поколенија, потенцираат од службата за информирање на Општина Велес.ад/фф/

Остани поврзан