• вторник, 11 март 2025

Општина Велес уреди две  детски катчиња со урбана опрема во селата Отовица и Иванковци

Општина Велес уреди две  детски катчиња со урбана опрема во селата Отовица и Иванковци

Велес,18 декември 2024 (МИА) - Градежните активности завршија и поставена е урбаната опрема со што дечињата од селата Отовица и Иванковци добија современи детски игралишта за игра и рекреација, информираат од Општина Велес. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Тие појаснуваат дека  урбаната опрема и детските реквизити во детското игралиште во село Иванковци е поставена, со што дечињата од селото добија современо детско игралиште за игра и рекреација и веќе можат да си играат во нив.

Воедно дадаваат и дека детското катче во селото Отовица е подготвено за детска игра и џагор.
Од Општина Велес  апелираат до жителите овие детски катчиња да се чуваат и да бидат наменети само за најмладите - децата.

Општина Велес  и  во новата 2025 година најавуваат  реконструкција и изградба на нови детски катчиња со реквизити и во останатите населени места во Општина Велес и во градот. ад/сст/


Фото Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан