Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
- Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.
На дневен ред на Комисијата е Предлог на заклучокот за вршење на надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност во просториите на Агенцијата и Предлог на заклучокот за вршење на надзор над работата на Агенцијата за разузнавање во просториите на Агенцијата.
Во Собранието денеска ќе се одржи и презентацијата „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“, на барање на Светска банка и на Фискалниот совет.
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на презентацијата ќе учествуваат членовите на собраниските Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.фф/вг/
Фото: МИА Архива