Регионална конференција „Унапредување на зелената агенда за Западен Балкан – со фокус на природата и климата“
- „Унапредување на зелената агенда за Западен Балкан – со фокус на природата и климата“, е насловена регионалната конференција што денеска ќе биде отворена во Скопје, коорганизирана од Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - „Унапредување на зелената агенда за Западен Балкан – со фокус на природата и климата“, е насловена регионалната конференција што денеска ќе биде отворена во Скопје, коорганизирана од Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) за Источна Европа и Централна Азија (ECARO), конференцијата ќе го означи продолжувањето на регионалната иницијатива ADAPT 2.0- Решенија засновани на природата за ублажување и адаптација на климатските промени во Западен Балкан и лансирањето на регионалниот проект „Позеленување на Западен Балкан“, двата предводени од IUCN. Овие иницијативи се дизајнирани да го поддржат спроведувањето на столбот Природа и биодиверзитет од Зелената агенда за Западен Балкан, да ги зајакнат партнерствата, да ја поттикнат регионалната соработка за биолошката разновидност и отпорноста на климата и да ја подобрат имплементацијата на решенија засновани на природата во регионот.
Најавено е на конференцијата да присуствуват претставници на јавниот сектор, донаторската заедница, меѓународните организации за заштита на животната средина и зачувувањето, академијата и граѓанските организации, обезбедувајќи платформа за учење за двата проекти и планираните активности, споделување експертиза и дискутирање за следните чекори во унапредувањето на зачувувањето на природата и одржливиот развој на Западен Балкан. Настанот ќе го отвори д-р Оливер Аврамоски, директор во Регионална канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO), Матијас Хуменбергер, заменик-шеф на мисијата од Австриска амбасада Скопје и Марија Мелбинг, претставник на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida). цр/вг/
Фото: принскрин