• недела, 22 декември 2024

Општина Босилово почна со собирање пластични садови, собирачите добиваат овошна садница

Општина Босилово почна со собирање пластични садови, собирачите добиваат овошна садница
Струмица, 21 март 2022 (МИА) - Општина Босилово денеска ја почна големата еколошка акција за собирање на пластични шишиња, а секое семејство кое ќе собере минимум 15 пластични шишиња добива овошна садница по избор. Кампањата ќе се реализира во наредните два месеци и ќе опфати повеќе активности и настани. - Акцијата ќе се одвива од порта на порта. Ќе го посетиме секој дом и на секој граѓанин ќе му биде понудена можност за замена на пластични садови (ПЕТ пластика) со овошни садници. Целта е да ја намалиме количината на пластичен отпад во општината, но во исто време, да испратиме порака до граѓаните дека пластиката има употребна вредност. Пластиката треба да се селектира и да се депонира, односно транспортира на соодветно место, рече градоначалникот Ристо Манчев. Од Општината бараат граѓаните собраната отпадна пластика да ја спакуваат во ќеса, а возилото за собирање и дистрибуција на садниците ќе поминува секој ден во периодот од 8 до 16 часот во населените места. рт/ар/

Остани поврзан