Опрема за интубација пациенти донирана на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид
- Специјализираната болница за ортпедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид денеска доби нова опрема, обезбедена преку проект реализиран во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
![Опрема за интубација пациенти донирана на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид](https://mia.mk/images/20250214175946_big_730x400_36.webp )
Охрид, 14 февруари 2025 (МИА) – Специјализираната болница за ортпедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид денеска доби нова опрема, обезбедена преку проект реализиран во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Станува збор за видео сет за интубација, со кој ќе се обезбеди подобра визуелизација и поголема прецизност, преку јасен и зголемен приказ на дишните патишта, што значително ја зголемува точноста при поставувањето на ендотрахеалниот тубус.
Според лекарите од „Свети Еразмо“, опремата ќе биде од значителна помош во заштита на самите пациенти, особено кај оние со тешки анатомски предизвици бидејќи овозможува побрзо поставување на тубусот, што е клучно во критични моменти,
Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, а финансиран преку Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската конфедерација односно Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 1.85 милиони денари. аб/са/
Фото: ЈЗПР