• недела, 24 ноември 2024

Опозиционата „Србија против насилството“ и вечер пред РИК на собир со барање за поништување на изборите

Опозиционата „Србија против насилството“ и вечер пред РИК на собир со барање за поништување на изборите

Белград, 19 декември 2023 (МИА) - Поддржувачите на опозициската листа „Србија против насилството“ (СПН) втора ноќ протестираат пред Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград поради нерегуларности на изборите, пред се поради големиот број гласачи од Република Српска, јави дописникот на МИА од Белград.

На демонстрантите, кои бараат поништување на изборите за град Белград, им се придружија и потписниците на ПроГлас, иницијатива на јавни личности кои пред изборите повикаа да се излезе на гласање.

Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ, носителите на оваа листа на републичките избори, штрајкуваат со глад во РИК до поништување на изборите.

На присутните пред РИК им се обрати носителот на листата „Србија против насилството“, Мирослав Алексиќ, кој рече дека изборите се украдени и дека никој од властите не смее да се изјасни бидејќи „го чекаат сигналот на Александар Вучиќ“.

Тој додаде дека институциите се заробени и молчат - полицијата, обвинителството и РИК.

-До МВР поднесов 25 барања за изборни кражби и нерегуларности, а тие не одговорија на ниту едно. И тие знаат се, едноставно не смеат да реагираат поради Вучиќ, изјави Алексиќ.

Тој испрати порака до ЕУ, прашувајќи „зошто молчите?“.

-Ќе го признаевме поразот, ако загубивме. Но, тука имаше кражба, луѓе кои не беа од Белград дојдоа да гласаат за локални избори. Според нашите информации донесени се 42.000 лица. И покрај тоа, опозицијата победи, ако се соберат сите опозициски листи, вклучително и оние од власта. Крадеа низ цела Србија, но најмногу во Белград и затоа реагираме овде. Изборите мора да се поништат, да се одржат нови избори во различни околности, а потоа ќе ги признаеме резултатите, нагласи Алексиќ.

Тој ги повика сите опозициски партии да се приклучат на протестот, како што наведе, „за да го зачуваат изборниот процес“.

РТС одговори на барањето на Мариника Тепиќ за присуство на јавниот сервис, каде кажа дека „бараат поништување на изборите, поради изборната кражба, организирана од СНС и Александар Вучиќ, кој организираше увоз на гласачи од друга држава, за да ги решат изборите во Белград.“

За разлика од синоќа, кога според медиумите имаше четири илјади лица, вечерва бројот на граѓани е помал, претежно студенти. об/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан