• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Опожарен автомобил во Бутел

Опожарен автомобил во Бутел

Скопје, 29 март 2025 (МИА) - Патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки ноќеска било опожарено на паркинг пред зграда на подрачјето на Бутел. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. 

Како што информира МВР, случајот ноќеска околу 3:00 часот во СВР Скопје го пријавил сопственикот на возилото, А.И.(50) од Скопје. Тој пријавил дека возилото било опожарено во периодот од 23:00 часот на 28 март 2025 година до пријавувањето во полиција. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Полицијата, како што се наведува, презема мерки за расчистување на случајот. 

Во МВР-билтенот се наведува дека вчера во СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Арачиново настанал пожар во куќа сопственост на Р.А.(31)  и С.А.(35) од Арачиново. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. мд/дма/ 

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан