• сабота, 16 ноември 2024

ООУ „Јан Амос Коменски“ од Карпош одбележа 57 години постоење

ООУ „Јан Амос Коменски“ од Карпош одбележа 57 години постоење
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Со прилагодени, претежно онлајн активности, поради пандемијата со Ковид-19, основното училиште „Јан Амос Коменски“ одбележи 57 години од своето постоење, информираат од Општина Карпош. Како што стои во соопштението, во рамките на патрониот ден училиштето организирало и ликовен и литературен конкурс за заинтересираните ученици. Исто така, учениците подготвиле и кратко видео од онлајн наставата, кое опфаќа интересни моменти од часовите. Дополнуваат дека градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, честитајќи го денешниот ден на сите ученици, наставници и административно – технички кадар, изјавил дека се надева дека следната година ќе се одбележи во поспокојни услови, затоа што, според него, не постои онлајн платформа која целосно може да ја замени непосредноста, директниот контакт, поздрав, насмевка, емоција или перформанс. ар/скс/

Остани поврзан