Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Северна Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, САД ќе останат партнер на државата
- Мислам дека САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Северна Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе се чувствував комотно дека САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани. Мислам дека ќе видиме поголемо нагласување на обидите да се реши предизвикот со кој се соочуваме на Блискиот исток, предизвиците во Украина и мислам дека ќе ги видиме САД посилни, одговори поранешниот конгресмен Бил Флорс од Републиканската партија на САД на прашањето дали по завршување на претседателските избори очекува да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западен Балкан.
Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) – Мислам дека САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Северна Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе се чувствував комотно дека САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани. Мислам дека ќе видиме поголемо нагласување на обидите да се реши предизвикот со кој се соочуваме на Блискиот исток, предизвиците во Украина и мислам дека ќе ги видиме САД посилни, одговори поранешниот конгресмен Бил Флорс од Републиканската партија на САД на прашањето дали по завршување на претседателските избори очекува да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западен Балкан.
Како што изјави поранешниот конгресмен Бил Флорс во Тема на денот на дневникот на Сител телевизија, пристапувањето во ЕУ е важно не само затоа што тоа ќе ја направи ЕУ посилна, туку исто така е важно и за економијата на Северна Македонија.
- Повторно ќе кажам дека Макеоднија ќе има добар партнер. Бев тука во 2018 година, како дел од Преспа процесот и кога државата организираше референдум за промена на името и многу луѓе мислеа дека тоа ќе биде последен чекор, но ЕУ кажа дека има уште еден чекор за пристапување. САД ја поддржуваат Северна Македонија во тој процес, нагласи Флорс.
Дејвид Скагс, поранешен конгресмен од Демократската партија, истакна дека негово лично мислење е дека смета оти во интерес на САД е Северна Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, и одбранбено и економски.
- За нас тоа има смисла, но мора да бидеме внимателни каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават, рече тој.
Двајцата американски конгресмени сметаат дека согласно она што виделе денеска се уверени во способноста на Собранието на Република Северна Македонија да оди напред.
- Врз основа на тоа што го видовме деновиве знаеме дека Собранието има усвоено Етички кодекс, но тој се уште не е целосно имплементиран. Според разговорите што ги имавме денеска, имаме впечаток дека сите и вработнеите и пратениците, би сакале да имплементираат систем во кој ќе се вметнат најдобрите практики и ние се надеваме дека овој ентузијазам што го видовме ова утро ќе продолжи, рече меѓу другото Бил Флорс.
Според Дејвид Скагс, она што го виделе во изминатите пет дена, партиската дисциплина во државава и во многу други парламентарни држави, како што рече, е многу повеќе строга отколку што е во Конгресот. цр/вг/
Фото: принтскрин