• четврток, 15 февруари 2024

ОН: Лансирањето на севернокорејските проектили претставува сериозна закана

ОН: Лансирањето на севернокорејските проектили претставува сериозна закана

Њујорк, 27 ноември 2023 (МИА) - Помошникот генерален секретар на Обединетите нации, Калид Кјари, денеска изјави дека лансирањето на севернокорејските проектили претставува сериозен ризик за цивилната авијација и поморскиот сообраќај.

Тој на седница на Советот за безбедност на ОН рече дека Северна Кореја, иако испратила известување до јапонската крајбрежна стража пред лансирањето, не ги известила Меѓународната поморска организација, Меѓународната организација за цивилно воздухопловство или Меѓународната телекомуникациска унија.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас Гринфилд изјави дека Северна Кореја „без срам се обидува да ги унапреди своите системи за нуклеарно оружје со тестирање на технологијата на балистички проектили“.

„Ова е јасно кршење на резолуциите на овој Совет. Станува збор за непромислено и незаконско однесување кое ги загрозува сите соседи и земји-членки на Северна Кореја“, рече Гринфилд на седницата на Советот за безбедност.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја претходно соопшти дека целта на лансирањето на ракетата е да се надгледуваат Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.

Пјонгјанг порача дека ќе продолжи да ги остварува своите „суверени права, вклучително и лансирање сателити“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан