• петок, 22 ноември 2024

ОН предупредуваат дека помошта во храна за 1,4 милиони бегалци во Чад може да биде прекината

ОН предупредуваат дека помошта во храна за 1,4 милиони бегалци во Чад може да биде прекината

Њујорк, 21 ноември 2023 (МИА) - Помошта во храна за 1,4 милиони бегалци во Чад кои избегаа од конфликтот во регионот Сахел може да биде прекината поради недоволно средства, соопшти денеска Светската програма за храна при ОН (WFP).

Најголем дел од бегалците дошле од Судан, бегајќи од тамошниот конфликт, кој трае од април оваа година, се наведува во соопштението.

Голем број раселени луѓе преминаа во соседен Чад, вршејќи притисок врз сиромашната земја, која стана домаќин на една од најголемите и најбрзо растечките бегалски популации во Африка, наведува WFP.

„Оваа заборавена криза метастазираше додека очите на светот беа вперени во други глобални кризи. Не можеме да дозволиме светот да стои настрана и да дозволиме нашите спасувачки операции во Чад да запрат“, рече директорот на WFP Чад, Пјер Онорат.

Агенцијата посочува дека неухранетоста е сериозен проблем со девет од 10 новопристигнати кои пријавиле „лоша или маргинална потрошувачка на храна“ во претходниот период.

Хонорат рече дека на WEP итно му се потребни 185 милиони долари (околу 170 милиони евра) во следните шест месеци за да продолжи да дава поддршка за настраданото население.

Тој додаде дека во отсуство на тоа финансирање, агенцијата ќе биде принудена да прави „брутални избори“ за да даде приоритет на одредени потреби и групи.

- Во декември, Светската програма за храна ќе биде принудена да ја прекине помошта за внатрешно раселените бегалци од Нигерија, Централноафриканската Република и Камерун поради недоволни средства, потенцира Хонорат.

Од јануари, помошта ќе биде скратена и за 1,4 милиони луѓе во Чад, вклучително и новодојдените од Судан кои нема да добијат храна кога ќе ја преминат границата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан