• понеделник, 17 јуни 2024

ОН: Најмалку 600 луѓе загинаа изминатите три месеци во источниот дел на ДР Конго

ОН: Најмалку 600 луѓе загинаа изминатите три месеци во источниот дел на ДР Конго

Киншаса, 27 јуни 2023 (МИА) - Вооружени групи во источниот регион на Демократска Република Конго убиле повеќе од 600 луѓе во изминатите три месеци, изјави Марта Побе, помошник генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за Африка.

Обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН, таа рече дека убиствата може да се припишат на конгоанските групи за развојна соработка, милицијата „Заир“ и бунтовничката група „Сојузничките демократски сили“.

Според неа, безбедносната ситуација на истокот на ДР Конго продолжи да се влошува и покрај затишјето во вооружените конфликти меѓу бунтовничката група М23 и владините сили во провинцијата Северен Киву.

Источно Конго, според податоците на ОН, има 5,7 милиони внатрешно раселени лица поради небезбедна храна. мс/ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан