ОН го намалуваат меѓународниот персонал за една третина во Појасот Газа
- Портпаролката на Обединети нации, Александра Велучи изјави дека ОН за една третина ќе го намали меѓународниот персонал во Појасот Газа поради загриженост за нивната безбедност

Њујорк, 25 март 2025 (МИА) – Портпаролката на Обединети нации, Александра Велучи изјави дека ОН за една третина ќе го намали меѓународниот персонал во Појасот Газа поради загриженост за нивната безбедност.
- Се обидуваме да го намалиме бројот на меѓународен персонал за околу една третина и тоа поради што генералниот секретар Антонио Гутереш нема моќ да ја гарантира безбедноста на персоналот на ОН, наведе Велучи.
Таа додаде дека од намалувањето ќе бидат погодени Светската програма за храна, Светска здравствена организација и УНИЦЕФ. ми/
фото: МИА архива