• недела, 22 декември 2024

ОН: Во Газа има над 23 милиони тони урнатини

ОН: Во Газа има над 23 милиони тони урнатини

Њујорк, 15 март 2024 (МИА) - Обединетите нации соопштија дека израелското бомбардирање на Газа остави речиси 23 милиони тони урнатини, пренесува денеска Ал Џезира.

„Хуманитарните партнери предупредуваат дека ќе бидат потребни години за да се исчистат речиси 23 милиони метрички тони (25 милиони тони) отпад создаден од уништувањето на станбени единици и други имоти низ Појасот Газа и да се расчисти неексплодираната контаминација со муниција“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дујарик.

„Партнерите за мини спроведуваат одредени проценки на експлозивни закани и ја едуцираат јавноста за ризиците“, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA). „Итно се потребни проценки од поголеми размери, но напорите за одговор беа попречени поради ограничувањата за увозот на материјали за хуманитарна акција за расчистување мини и критериумите за одобрување за испраќање специјализиран персонал. ссм/

фото: ДПА

Тагови

Остани поврзан