• недела, 22 декември 2024

Онлајн продавница во Грција казнета со 120.000 евра поради измами на потрошувачите

Онлајн продавница во Грција казнета со 120.000 евра поради измами на потрошувачите

Атина, 2 април 2024 (МИА) – Онлајн продавница во Грција, која не ги доставувала нарачките, не им ги враќала парите на потрошувачите по откажана нарачка, но и која била недостапна за контакт, е казнета со 120.000 евра и е привремено затворена со цел заштита на потрошувачите, соопштија од Министерството за развој, јави дописничката на МИА од Атина.

По спроведената детална контрола од Генералниот директорат за пазар и заштита на потрошувачите од Генералниот секретаријат за трговија на Министерството за развој на Грција, биле констатирани сериозни прекршувања на законодавството за потрошувачи.

Нарачките на производите не биле доставувани во договореното време, а за доцнењето потрошувачите не биле информирани; на потрошувачите не им биле вратени парите што ги платиле, а производите никогаш не ги добиле; ги мамеле потрошувачите за достапноста на производите, иако во суштина компанијата не можела да ги исполни нарачките, а исто така била тешка тешка или невозможна комуникацијата на потрошувачите со компанијата.

Министерството за развој на Грција, како што е веќе пракса во вакви случаи со изрекување казни за компании и овој пат јавно го објави името на оналјн продавницата и паралелно ги повика потрошувачите во случај да откријат појави на нефер практики од онлајн бизниси, да поднесат пријава до Секретаријатот заштита на потрошувачи.

Надлежниот министер Костас Скрекас рече дека секој што ќе го прекрши законот ќе се соочи со последици и истакна дека контролите на пазарот ќе продолжат со несмалено темпо. ср/рп/

Остани поврзан