• недела, 12 мај 2024

ОМД: Граѓаните демократски да кажат „НЕ“ на францускиот предлог

ОМД: Граѓаните демократски да кажат „НЕ“ на францускиот предлог
Скопје, 14 јули 2022 Обединета Македонска Дијаспора ги повикува сите граѓани демократски и мирно да кажат НЕ на Францускиот Предлог и еднаш засекогаш ги зацртаат црвените линии на Македонскиот идентитет, Македонскиот јазик и Македонската нација. Македонија иако има свои слабости, иако скоро ниедна институција не е во корелација со интегрираните модерни држави, сепак има своја душа, има свој идентитет и повеќе од сите други држави на балканот демократски докажа дека нејзиниот пат е чист и незаслужува дополнително ништење на својата нација. ОМД како и секогаш досега го поддржува интегритетот и сувереноста на Македонија како и го поддржува Европскиот пат и иднина на државата. Затоа е природно еднаш Македонците да бидат во право и барем еднаш да не се согласат со предлогот на Европската Унија. Имајќи предвид дека Македонија веќе 20 години е на патот да го премине прагот како земја кандидат за членство во ЕУ, и ги остварува сите барања спрема унијата, ова е право време самата Унија да одигра џентламенски, ги прифати барањата на Македонците и го заштити Македонскиот идентитет и нација. Утре, сите заедно мирно и достоинствено како Македонци да кажеме НЕ и се исправиме гордо над нашето сонце!" Обединетата Македонска Дијаспора - Гордан Јорданов  ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан