• понеделник, 23 декември 2024

ОКТА со поддршка на кампањата „Помислете на нас“ на Црвениот крст на Град Скопје

ОКТА со поддршка на кампањата „Помислете на нас“ на Црвениот крст на Град  Скопје

Скопје, 9 ноември 2023 

ОКТА АД - Скопје со донација на пакети храна наменети за ранливите категории граѓани и годинава се вклучи во кампањата по повод Денот на гладта, која што под мотото „Помислете на нас“ ја организира Црвениот Крст на Град Скопје.

Како општествено одговорна компанија, ОКТА во континуитет иницира проекти за поддршка на ранливите категории граѓани и на тој начин придонесува во општеството. Во таа насока компанијата повеќе од 15 години активно соработува со хуманитарната организација Црвен крст на град Скопје и редовно е дел од оваа кампања. Овој пат, покрај донацијата на 75 пакети храна, во чија подготовка помогнаа вработените во компанијата, организацијата на Црвениот крст при ОКТА, која што постои 41 година, ја организираше и третата годишна крводарителска
акција. Вработените даруваа крв во просториите на компанијата, со што дополнително придонесоа кон потикнување и промовирање на хуманите вредности.

Светскиот ден на храната се обележува од 1979 година, а е воспоставен од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Главна цел на ФАО е да се поттикне континуирана интернационална акција за сузбивање на гладта и обезбедување редовен пристап до оброк за сите луѓе кои што на тој начин ќе можат да водат активен и здрав живот.

ОКТА АД - Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан